ЗАВРШИ ПРВИОТ ДЕН НА „СТРУГА 2018“

Шундо ремизираше со Швеѓаните, силен отпор на Еурофарм против Целје!

После стартниот натпревар од меѓународниот традиционален ракометен турнир „Струга 2018" (46. издание) меѓу Железничар и Струга, се одиграа уште две средби.

објавено: 15 август 2018 - 22:54

Во групата 2 (каде што се наоѓаат уште Железничар и Струга), ремизираа екипите на Констанца и Алингсас со резултат 21:21.

Најефикасен кај романскиот тим (во чии редови е нашиот интернационалец Велко Маркоски) кој е предводен од македонскиот тренер Звунко Шундовски беше Далибор Чутура со пет погодоци, а кај Швеѓаните Феликс Клар шест пати се запиша во листата на стрелците.

На последниот меч од денешната програма, вториот наш претставник на овој турнир Еурофарм Работник во групата 1 загуби минимално од Целје Пивоварна Лашко (23:22).

Еурофарм Работник: Чаневски, Трајкоски, Мемиќ, Кукоски, Мандиќ, Дрогришки, Ивановски, Ивановиќ 2, Ојлески 1, Маркоски 3, Пецаковски, Талевски 2, Чурлевски 4, Граџан 2, Ѓукиќ 4, Кузманоски 4, Петровски, Блажевски

Седмерци: 0/1
Исклучувања: 6 минути

Утре (четврток, 16.08) на програмата се натпреварите од вториот ден на „Струга 2018": Бешикташ – Еурофарм Работник (17.30 ч.), Железничар – Алигсас (19.15 ч.) и Целје – Феникс Тулуз (21 ч.).

ПРВ ДЕН, „СТРУГА 2018" - резултати:

Група 1

Целје Пивоварна Лашко-Еурофарм Работник 23:22

Група 2

Железничар-Струга 25:20
Алингсас-Констанца 21:21

Најново во Ракомет