ТРЕНЕРОТ НА ЖЕЛЕЗНИЧАР ПРЕД НОВИОТ ДУЕЛ ПРОТИВ „СВОИТЕ“

Вујовиќ: Мечевите во Скопје се посебни за мене, неверојатни навивачи...!

Денеска во рамките од СЕХА Газпром лигата српскиот вицешампион Железничар Ниш му гостува на македонскиот првак.

објавено: 4 септември 2018 - 16:00

Тоа ќе биде повторна средба на Вардар со својот поранешен тренер Веселин Вујовиќ. Тимот на Парондо со триумф ја почна сезоната во СЕХА лига со 34-28.

Ова е втор домашен натпревар на кој „црвено-црните" очекуваат подобрување на формата и нов триумф. Ваквите регионални мечеви за Вардарци се како подготовка за мечевите од Лигата на шампионите.

„Јасно Вардар е фаворит во овој натпревар, но очекувам моите играчи добро да играат и да ја вратат самодовербата. Очигледно е дека ќе ни треба уште малку време за да добиеме сè за да функционираме како што сакаме. Ние патуваме во Македонија без Предраг Вејин, а и Голманот Данило Михаљевиќ и Марко Кнежевиќ исто така се соочуват со повреди. Натпреварите во Скопје секогаш посебни за мене - нивните неверојатни навивачи, убава сала, квалитетен противник и град каде што поминав скоро шест години. Со нетрпение очекувам да се видам со некои од моите стари пријатели, но, се разбира, јас сум првенствено фокусиран на Железничар и нашиот следен меч", рече Вујовиќ, тренерот на Железниар.

Во продажба се сезонските билети за натпреварите на Вардар, кои важат за сите домашни натпревари во СЕХА лигата, ЛШ и домашното првенството.

Продажбата се врши на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" и преку продажната мрежа на www.ticketplus.mk

Најново во Ракомет