ПОЧНА НОВАТА СЕЗОНА ВО СЕХА-ЛИГА

Вујо стартуваше со пораз пред домашната публика

Веселин Вујовиќ го немаше посакуваното деби на клупата на Железничар, на првиот меч во регионалното натпреварување беше поразен од Војводина со 27-20. 

објавено: 28 август 2018 - 21:49

Новата сезона во СЕХА-лигата и официјално стартуваше денеска со два меча. Стеауа Букурешт на првиот натпревар во регионалното натпреварување славеше против Прешов со 26-25, додека на втората средба Веселин Вујовиќ доживеа убедлив пораз од Војводина (27-20) во официјалното деби како стратег на српскиот тим. Поразот е уште поболен бидејќи беше пред домашната публика.

Вујовиќ и неговите момци само на стартот беа рамноправен противник 4-4, на полувремето имаа негатива од три гола (10-13).

За македонските екипи СЕХА-лига стартува утре, во СЦ „Јане Сандански“, и оваа сезона силите ќе ги одмерат Вардар и Металург, дуелот е закажан со почеток во 20:45 часот.  

Најново во Ракомет