НОВ ТРИУМФ НА МАКЕДОНСКИОТ ТИМ ВО СЕХА

Скубе го спасуваше Вардар во Прешов (ФОТО)

Македонскиот и регионален првак продолжува да доминира, во првиот гостински меч го совлада Татран Прешов со 27-26. 

објавено: 9 септември 2018 - 19:15

Македонскиот и регионален првак продолжува да доминира, во првиот гостински меч го совлада Татран Прешов со 27-26. Херој на мечот е Сташ Скубе, во последната минута украде топка, а потоа реализираше за голем триумф, вкупно трети сезонава. 

Ракометарите на Вардар имаа водство во второто полувреме, но во самиот финиш му дозволија на противникот дуелот да го направат интересен. 

Како по навика, „црвено-црните“ во воведот не беа на ниво. До 19. минута домашниот тим го диктираше темпото, имаше водство од 10-7, по следеше серија на Вардар од 8-0 за целосен пресврт (10-15). Избраниците на Роберто Гарсија Парондо во продолжение ја одржуваа позитива, но пред крајот Татран Прешов се доближи на 23-24 за неизвесен финиш. На три минути до крајот домаќинот израмни на 25-25, откако претходно Вуко Борозан не успеа да реализира.

Сепак црногорскиот репрезентативец не згреши кога беше најмногу потребно, реализираше за 25-26. Мораес направи фаул за седмерец, а Урбан беше прецизен за 26-26. Скубе беше херојот на Вардар во неизвесниот финиш, украде топка, а потоа погоди за 26-27.

Вуко Борозан со шест погодоци од девет обиди беше најефикасен, зад него без промашување беше Игор Карачиќ (пет од пет). Дејан Милосављев овој пат имаше 14 одбрани.

Татран - Вардар 26-27 (10-13)

ВАРДАР: Милосављев (12 одбрани и 2 седмерци), Кизиќ, Поповски 1, Кристопанс 4, Мораеш 3, Карачиќ 5, Скубе 1, Калараш, Чупиќ 3, Дибиров, Шишкарев 3, Борозан 6, Војводиќ, Кисељев 1, Мишевски.

Најново во Ракомет