ПРВАКОТ ИМА САМО ЕДНА ЦЕЛ НА ВЕЧЕРАШНИОТ ДУЕЛ

Романците не им се познати, но тоа не менува ништо кај вардарци

Регионалниот и македонски првак вечерва (20:15 часот) пред домашната публика има шанса да дојде до нов триумф. Противник на избраниците на Роберто Гарсија Парондо е Стеауа Букурешт.

објавено: 18 септември 2018 - 12:40

Вардар има серијата од четири победи во низа, три од нив се во СЕХА-лигата, во која уште на стартот на сезоната запиша нов рекорд, најдолга низа без пораз. Регионалниот и македонски првак вечерва (20:15 часот) пред домашната публика има шанса да дојде до нов триумф. Противник на избраниците на Роберто Гарсија Парондо е Стеауа Букурешт, тим кој исто така нема пораз во СЕХА-лигата.

Вардар нема искуство со романските екипи, но тоа пак не ја менува крајната цел - победа како загревање за мечот со Кристијанштад во ЛШ.

„Стеауа имаше повеќе време за да се подготви за овој натпревар. Ние после таков емоционален и физички силен дуел против Монпелје мораме да покажеме исто таков дуел. После овој меч во Лигата на шампионите сакаме да го покажеме истото и во СЕХА. Сакаме да играме на истото ниво секаде. Без разлика кој ќе биде на теренот ние сме тим и најважно за нас е да покажеме најдобра игра. Немавме натпревари во претходните сезони со претставник од романскиот ракомет. Преферираат стилот кој не е карактеристичен за првенството на Романија. Од она што анализиравме видовме акции кои не се својствени за ракометот во Романија. Ќе биде интересно. Не можеме прецизно да кажеме за нив од еден или два одиграни натпревари. Очекувам да биде тежок натпревар, но ние во Скопје не се плашиме од никого и против секого одиме на победа", коментираше Дибиров.

За тренерот Роберто Гарсија парондо најважно е да се продолжи со истото темпо како и досега.

„Стеауа е добар тим и во своите редови има ракометари кои играат добар ракомет. Имаме три победи во ова натпреварување, а после победата над Монпелје сме концентрирани само на оваа средба. Важно е да не го загубиме нивото на интензитет и да дојдеме до нова победа".

Билетите за овој меч се продаваат по цена од 50 денари. 

Најново во Ракомет