Нов предизвик во СЕХА за Вардар

Раул Гонзалес: Мора да оствариме победа кај Ловќен

По неочекуваните порази од Војводина и од Нексе, македонскиот шампион бара триумф по секоја цена за да не ги упропасти шансите за фајнлфор

објавено: 6 март 2014 - 11:46

РК Вардар влезе, веројатно, во најтешката резултатска криза оваа сезона со убедливиот пораз од ПСЖ во Лигата на шампионите и неочекуваните неуспеси против Војводина и Нексе во СЕХА ГСС-лигата. Точно е дека ова натпреваување е во втор план, но пласманот во завршницата е важен и затоа Вардар не смее да си дозволи нова непланирана загуба на бодови во преостанатите три средби. Прва меѓу нив е онаа во Цетиње, против Ловќен, а тренерот Раул Гонзалес вели дека нема друга опција освен победа.

Нè очекува гостувањето против Ловќен на негов терен, но според мене тоа не би требало да биде никаков проблем и мора да оствариме победа со која ќе ја вратиме самодовербата. Со новите три бода од овој натпревар, ќе бидеме чекор поблиску до завршниот турнир“, изјави Гонзалес за официјалната интернет-страница на клубот.

Натпреварот со Ловќен се игра вечерва во 18 часот. По него Вардар гостува и кај Борац, а како шлаг на основниот дел Загреб доаѓа во Скопје. По 15 одиграни меча „црвено-црните“ се четврти на табелата со 28 бода. Толку има и Металург, но и еден натпревар повеќе, додека третопласираниот Мешков Брест „бега“ два бода на третата позиција.

 

Најново во Ракомет