ШПАНЕЦОТ ИМА МНОГУ ЗАМЕРКИ, БРЕСТОВАЦ Е ЗАДОВОЛЕН

Парондо: Не сум задоволен, ваква игра Вардар не смееме да си дозволи

Вардар и Металург ја отворија сезоната во СЕХА-лигата. Македонскиот првак беше далеку од очекуваното ниво, но на крајот успешно ја заврши домашната задача, славеше со 34-28.

објавено: 29 август 2018 - 22:47

Вардар и Металург ја отворија сезоната во СЕХА-лигата. Македонскиот првак беше далеку од очекуваното ниво, но на крајот успешно ја заврши домашната задача, славеше со 34-28.

Победа е важна, но Роберто Гарсија Парондо на прес-конференцијата не го криеше своето незадоволство...

„Првото полувреме не беше добро, во втрото бевме нешто подобри, но не сум задоволен. Вака не смееме да играме. Треба да делуваме силно и сугурно, но вечерва бевме далеку од тоа ниво. Доколку не ги промениме пристапот и играта, не можеме да очекуваме резултати. Останува да работиме напорно...", изјави Парондо.

Што се однесува до Данило Брестовац, тој има право на задоволство, на момент неговите момци беа рамноправен противник, но недостигот на ракометари во ротација, како што самиот кажа на крајот беше причина за убедливиот пораз. 

„Честитки за победта на Вардар. Многу осциалции во нашата игра, ни неостигаат неколку играчи во бековската линија и на пивотменската линија, па со двајца нови играчи можеби би ги избегнале тие проблеми што ги имавме во одбрана и напад. ЗА овој краток период што сум с екипата, јас сум задоволен. Не сум волшебник за да направам нешто за толку кратко време. Момците треба да се навикнат на мене, јас на нив. Задоволен сум од нивата игра, се бореа колку што можеа. За мене ова е прв натпревар, за разлика од Вардар кој одигра повеќе дуели. Се гледа дека нивната игра е на повисоко ниво. Сепак можам да кажам дека париравме добро во одреден дел од мечот“, рече Брестовац.

 

Најново во Ракомет