ПОРАЗИТЕ СЕ РЕДАТ

Ништо и Вујо му зеде мерка на Металург

Македонскиот вицепрвак, Металург на домашен терен е совладан од Железничар со 30-29 во рамките на шесто коло во СЕХА-лигата. 

објавено: 17 октомври 2018 - 21:54

Ниту во шесттиот обид Металург не успеа да дојде до првата победа во СЕХА-лигата. Избраниците на Данило Брестовац на домашен терен беа совладани од Железничар предводен од Веселин Вујовиќ со 29-30. 

Тимот од Автокоманда во голем дел од мечот имаше подредена улога, освен во првите неколку минути во кои имаше водство од 2-0. Во 15. минута (8-8) гостите направија серија од 3-0 и поведоа со 8-11, имаа и плус четири, но на полувремето заминаа со 13-15.

По одморот ракометарите на Металург се обидуваа да се вратат, со серија од три гола се доближија на 23-25, во последните 30 секунди со голот на Серафимов од седум метри дојдоа на 29-30. Стојановиќ успеа да украде топка, но немаше време за реализација и за второ реми. Железничар најголемата предност ја имаше во 38. минута 22-16.

Серафимов со девет гола од десет обиди беше прв стрелец, зад него беше Јагањац со пет погодоци. Мартин Томовски се врати на голот, запиша 11 интервенции. 

По петоро коло Металург и Извиѓач го делат дното на табелата со скор од пет порази и едно реми. Лидер е Вардар со 15 бода исто колку и ППД Загреб. 

Најново во Ракомет