„СИНО-БЕЛИТЕ“ ГО ОБЈАВИЈА СВОЈОТ РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

СЕХА ТРГНУВА ОД „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“: Металург го пречекува Вардар на 29 август

Исто како и минатата година, така и оваа сезона Металург ќе биде домаќин на првиот регионален дуел со „црвено-црните". „Металурзите“ го објавија комплетниот распоред за СЕХА сезоната.

објавено: 15 август 2018 - 09:05

Исто како и минатата година, така и оваа сезона Металург ќе биде домаќин на првиот регионален дуел Вардар.

Најавено и очекувано беше македонско дерби на стартот на СЕХА лигата, а новитет е дека Металург, кој втора година во низа ќе биде домаќин на првиот регионален дуел со „црвено-црните" го закажа истиот за 29 август во „Борис Трајковски".

Во следното коло, пак, „сино-белите" ќе и гостуваат на белоруската екипа на Мешков Брест. До крајот на годината ќе треба да се одиграат 13 кола, додека последните пет се предвидени за следната 2019 година.

Завршниот турнир, фајналфорот, ќе се игра од 5 до 7 април 2019 година.

Од друга страна, како што пренесуваат од Вардар, според провизорниот календар за месец септември во периодот 18 или 19 септември би требало да биде домаќин на дебитантот во натпреварувањето, романската Стеауа. Термините за одигрување на натпреварите во СЕХА лигата сѐ уште се договараат и можно е да има промени, информираат „црвено-црните".

Распоред на натпревари во СЕХА лигата (РК Металург):

Коло 1, 29 август 2018 г.: Металург – Вардар

Коло 2, 4 септември 2018 г.: Мешков Брест – Металург

Коло 3, 9 септември 2018 г.: Металург – Нексе

Коло 4, 19 септември 2018 г.: Металург – Извиѓач

Коло 5, 2 октомври 2018 г.: ППД Загреб – Металург

Коло 6, 17 октомври 2018 г.: Металург – Железничар Ниш

Коло 7, октомври 2018 г.: Татран Прешов – Металург

Коло 8, 7 ноември 2018 г.: Металург – Стеауа Букурешт

Коло 9, 28 ноември 2018 г.: Војводина – Металург

Коло 10, 5 декември 2018 г.: Вардар – Металург

Коло 11, 8 декември 2018 г.: Металург – Мешков Брест

Коло 12, 15 декември 2018 г.: Нексе – Металург

Коло 13, 19 декември 2018 г.: Извиѓач – Металург

Коло 14, 2 февруари 2019 г.: Металург – ППД Загреб

Коло 15, 29 февруари 2019 г.: Железничар Ниш – Металург

Коло 16, 6 март 2019 г.: Металург – Татран Прешов

Коло 17, 9 март 2019 г.: Стеауа Букурешт – Металург

Коло 18, 13 март 2019 г.: Металург – Војводина

Најново во Ракомет