ПРОМЕНА НА ПЛАНОТ

Металург домаќин во „Јане Сандански“

Одличната соработка и добрососедските односи кои ги градат Вардар и Металург се потврдуваат уште еднаш. 

објавено: 22 август 2018 - 15:42

Одличната соработка и добрососедските односи кои ги градат Вардар и Металург се потврдуваат уште еднаш. Откако „металурзите" на крајот на јули им ја отстапија „Автокоманда" на вардарци, за да може непречено да тренираат сега „црвено-црните" ја враќаат услугата.

Првото регионално дерби меѓу Металург и Вардар ќе се одигра во „Јане Сандански" на 29 август во 17:15 часот.

„Нашите први официјални натпревари се во рамките на СЕХА-лигата каде прво играме со Вардар во салата 'Јане Сандански', каде домаќини ќе бидеме ние", стои во информацијата на официјалната страна на Металург.

Најново во Ракомет