ВО ПРВИОТ ОФИЦИЈАЛЕН МЕЧ

Лино не тргна баш фино, ППД Загреб поразен од Нексе

Лино Червар со пораз дебитираше на клупата на ППД Загреб, откако на гостувањето кај Нексе беше солвадан со 23-22 во рамките на првото коло во СЕХА-лигата. 

објавено: 30 август 2018 - 22:54

Некогашниот стратег на Металург, Лино Червар со пораз ја отвори новата сезона во СЕХА-лигата. Неговиот ППД Загреб беше совладан на гостувањето кај Нексе со 23-22 во хрватското дерби.

Червар и неговите избраници имаа проблем уште на стартот, по првите 30. минути имаа негатива од 13-9, која подоцна не успеаја целосно да ја анулираат, пред крајот на мечот се доближија само на еден гол разлика.

Томи Вожаб со осум погодоци беше најефикасен во победничкиот табор, на другата страна Златко Хорват запиша девет гола, недоволни за триумф. 

Ова беше последен натпревар од првото коло во регионалното натпреварување.

 

Најново во Ракомет