МЛАДИОТ ПИКЕР НА МЕТАЛУРГ Е ИСКРЕН

Лазаревски: Не боли Лисабон, но ќе се издигнеме против Извиѓач

По поразот во Лисабон, каде „металурзите" одиграа одлично прво полувреме, на дневен ред дојде СЕХА-лигата, во Скопје гостува Извиѓач, дуелот се игра во среда.

објавено: 17 септември 2018 - 11:20

Металург зад себе има серија од четири порази во низа, три во СЕХА-лигата и еден на отварањето во Лигата на шампионите. Предводникот Данило Брестовац немаше среќа, во секој до трите меча во регионалното натпреварување остануваше без еден ракометар. Се повреди Велковски, па Јагуриновски, но за среќа се врати Танкоски. Кога ќе се додаде заминувањето на Филип Кузмановски, тогаш се е јасно.

По поразот во Лисабон, каде „металурзите" одиграа одлично прво полувреме, на дневен ред дојде СЕХА-лигата, во Скопје гостува Извиѓач, дуелот се игра во среда.

На денешната прес-конференција поради болест не се појави Брестовац, го замени помошникот Димитриоски

„Извиѓач има загубено три натпревари, ние мака мачиме со повреди, се надеваме дека ситуацијата ќе се среди. Имаме мал број на измени, повторно под знак прашалник се Велковски и Јагуриновски, ќе дадеме се од себе. Резултатите се во втор план, наша цел е формирање на здрава македонска екипа“, изјави помошникот на Оливер Димитриоски.

Младиот Милан Лазаревски не криеше дека поразот од Лисабон им паднал тешко, пред се поради одличната игра во првото полувреме. 

„Ќе се надоврзам на тренерот, уште на почетокот на сезоната не затекнаа голем брoј повреди. Се враќаме по поразот од ЛШ, кој тешко можам да го преболам. Кратката клупа е кобна на секој меч, тактички добро се подготвуваме, но физички не издржуваме. Малиот број на играчи во ротација не треба да биде оправдување, и покрај тешките околности треба да направиме нешто повеќе, да покажеме дека вредиме. Против Извиѓач ја гледам шансата за прва победа оваа сезона ќе има влијание за подигување на самодовербата, ќе биде значајно. Ние сме фаворити, убеден сум дека ќе го запиша првиот триумф“, изјави Лазаревски.

Дуелот меѓу Металург и Извиѓач се игра во среда со почеток во 20:45 часот.

Најново во Ракомет