ВАРДАР ГОСТИН НА ЛИНО ЧЕРВАР ВО СЕХА-ЛИГА

Дибиров: Никогаш не е лесно во Загреб, но победата е наша обврска

Вардар рехабилитацијата по поразот од Келце ќе ја бара во СЕХА-лига, против ППД Загреб на гостински терен. 

објавено: 16 октомври 2018 - 11:48

По само еден одмор по поразот на тешкото гостување кај Келце, ракометарите на Вардар денеска (17:30 часот) мора да се издигнат и сериозно да ми пристапат на новиот предизвик. Регионалниот првак е гостин на ППД Загреб и Лино Червар во меч од петото коло во СЕХА-лигата. 

И двата тима во овој дуел влегуваат по поразите во Лигата на шампионите. Секако предноста е на страната на Вардар, кој има далеку поискусен состав од противникот. 

„Никогаш не сме минувале лесно во Загреб. Дури и минатата година кога доминиравме, ги победивме само со еден гол. Не очекувам ништо поразлично ниту сега. Загреб го совлада Фленсбург, а потоа освои и бод против Скјерн на гости, факти кои доволно говорат за нивните квалитети. Нема да биде лесно, наша цел е победа, покрај добра игра, ќе ни биде потребно и малку среќа", изјави Тимур Дибиров пред мечот.

Лино Червар фаворитската улога им ја препушта на „вардарци“, од своите момци бара повеќе борба...

„Јасно е дека Вардар е фаворит, но ние ќе се бориме. Секогаш е тешко, поразот од Мотор не е страшен доколу извлечеме поука. Мораме повеќе да се бориме, повеќе да превземаме одговорност, како што реков да извлечеме повеќе поуки кога победуваме и кога губиме', рече Червар.

Најново во Ракомет