ПОБЕДАТА НАД МОНПЕЛЈЕ НЕ Е НЕОЧЕКУВАНА

Дибиров: Не сум изненаден, бидејќи во Вардар остана победничкиот менталитет

За многумина победата на Вардар на гостувањето кај Монпелје е изненадување, но не и за ракометарите на македонскиот првак. Ако го прашате Тимур Дибиров, тука нема ништо чудно, целта на овој тим секогаш било да се даде максимумот, тоа го сторија против бранителот на титулата. 

објавено: 17 септември 2018 - 12:21

По големиот триумф над бранителот на титулата во ЛШ, Монпелје, и само еден ден одмор, Вардар се врти кон СЕХА-лигата. Утре во СЦ „Јане Сандански" (20:15 часот) гостува Стеауа Букурешт.

Роберто Гарсија Парондо и неговите израници имаат три победи во низа, секако очекувањата се исти, победа пред домашната публика.

Иако прес-конференцијата беше наменета за регионалното натпреваруање, сепак победата над европскиот првак е нешто што не може така да се заборави.

„Знам дека многу луѓе се изненадени, но јас не сум. Во Вардар остана менталитетот на победниците и без разлика кој е притивник дури и против европски првак на гости ние имаме врежано дека треба да победиме. Се бориме до крај, знаеме што треба да направиме. На мечот притив Моноелје покажавме дека нема лесно да се освојуваат бодови против нас и сите ќе мора да играат со 110 посто за да не победат“, изјави Тимур Дибиров.

Парондо не можеше да го скрие своето задоволство од победата, но шпанскиот стратег истовремено цврсто гази по земја. 

„Многу важна победа против Монпелје, покажавме дека имаме силен тим. Проблем е што немаме толку многу играчи како лани и затоа треба да направиме да бидеме константни и да не дозволиме да се повтори падот на играта како тоа што беше во подготвителниот период“, изјави Парондо.  

Најново во Ракомет