Младиот Хрват е гладен за победа

Циндриќ: Поразот во Белорусија дополнително нѐ мотивира

Лука Циндриќ вели дека Металург со силна мотивација ќе влезе во мечот со Мешков Брест (недела 17.45) за да стигне до победа која би значела многу

објавено: 7 март 2014 - 11:30

Пред натпреварот меѓу Металург и Мешков Брест, во претпоследното коло од СЕХА-лигата и младиот Лука Циндриќ изрази отимизам и мотивираност за добра игра и победа на неговата екипа.

„Брест е една одлична екипа која сигурно ќе сака да победи. Нашиот пораз таму ни дава мотив повеќе да дојдеме до победа во Скопје. Таа би ни дала самодоверба за следните натрпевари. Напорно работиме, тренираме, иако не сме сите ќе се обидеме да дадеме сѐ од себе за да дојдеме до победа која многу би ни значела“, истакна 21-годишниот Хрват.

Најново во Ракомет