ЧУДНА ПОЛИТИКА: САКААТ ДА СОЗДАДАТ ТИМ, А ПРОДАВААТ ИГРАЧИ

Брестовац: Не е само Јагањац, има понуди и за Томовски и Танкоски, кој ќе даде пари...

На Металург никако да му тргне годинава, не само на мечевите во Лигата на шампиони и во СЕХА-лига, туку и со играчи. По заминувањето на капитенот, Филип Кузмановски на излезната врата се Јагањац, Томовски и Танкоски.  

објавено: 18 октомври 2018 - 13:30

Додека Данило Брестовац се бори да состави комплетен ростер за подобри резултати, првиот човек на Металург, Минчо Јорданов ја извади цената за дел од ракометарите. По Халил Јагањац за кого е понудена голема сума на пари како спас за кризата која трае веќе со години, на продажба се и Мартин Томовски и Марио Танкоски. 

На адресата на Томовски веќе има стигнато три понуди, од Железничар, Еурофарм Работник (кој од Металург го зема и Филип Кузмановски), како и хрватскиот првак ППД Загреб, предводен од екс-стратегот на Металург, Лино Червар. 

„Има интерес од големите клубови да го откупат на еден регуларен начин за разлика од некои други кои се обидуваат да дојдат до играчот. Нашиот претседател има ставено цена и секој што е подготвен да ја плати истата ќе влезе во преговори. Јагањац има договор со Металург уште година и пол иако ја плати некој таа цена заинтересирани сме да го продадеме. Постојат три четири понуди и за Томовски и за Танкоски, постои интерес за тие млади играчи. Ние како клуб би излегле во пресрет и не би спречиле никого да замине во голем клуб. да се развие како што треба и да стане голем играч. 

Металург се обидува да фати еден курс кон млади играчи и производство на истите. За секој оние за кои има заинтересираност“, изјави Данило Брестовац на денешната прес-конференција. 

 

Најново во Ракомет