ВО ПРЕСРЕТ НА НОВАТА НАТПРЕВАРУВАЧКА СЕЗОНА

Прв тренинг и на Иранецот Карамиан со Пелистер! (Видео)

Заедно со ракометарите на битолскиот клуб, првиот тренинг го имаше и новото засилување за следната сезона, Иранецот Мохсен Карамиан, репрезентативец на оваа земја.

објавено: 8 август 2018 - 21:38

Претходниот викенд како и овој што оди, играчите одат на Молика, таму се подготвуваат петок, сабота, недела на планина на физички и психички план. Се работи напорно, сите играчи полека се адаптираат на Битола и Пелистер.

Како темпирање на формата се најавува и пријателски натпревар, поточно на 18. август против Пеќ од Косово кој што ќе се одигра во Битола.

Како што претходно објавивме, челниците на клубот претходно ја продолжија соработката со Кире Митревски, Васко Димитровски и Реваз Чантурија на уште една година, како и со Никола Ивановски и Костадин Петров. Во следната сезона дресот на битолчани ќе го носат уште и Милош Рајчиќ, Милан Поповиќ и Харис Плех.

Најново во Ракомет