ПОЗНАТИ ПРОТИВНИЦИТЕ ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СП 2019 ЈАПОНИЈА

Турција, Исланд и Азербејџан и стојат на Македонија на патот кон СП

Женската ракометна репрезентација како дел од групата четири заедно со Турција, Исланд и Азербејџан ќе бара место во баражот за Мундијалот во Јапонија

објавено: 19 јуни 2018 - 15:55

Репрезентациите на Турција, Исланд и Азербејџан ќе и бидат противници на женската сениорска репрезентација на Македонија во европските квалификации за Светското првенство 2019 во Јапонија.

На денешната ждрепка во Глазгов, Македонија се најде во групата четири, заедно со Турција, која беше меѓу носителите како и нашата селекција, како и Исланд од вториот шешир, односно Азербејџан во третиот шешир.

Со Исланд последен пат сме играле во квалификациите за СП 2015, кога имаме претрпено два порази, додека со исклучок на пријателски натпревари, официјални дуели со Турција сме играле во квалификациите за ЕП 2012, со кој имаме една победа и еден пораз.

Со Азербејџан, пак, силите ги немаме измерено од квалификациите за СП 2011, кога сме триумфирале, 26:20.

За да обезбеди пласман во баражот за СП, Македонија мора да заврши како првопласирана во групата или пак, циклусот да го заврши како најдобро второрангирана селекција.

ЕВРО - КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2019 (ЖЕНИ)

ГРУПА 1: Словачка, Косово, Украина, Израел

ГРУПА 2: Швајцарија, Фарски Острови, Литванија, Финска

ГРУПА 3: Белорусија, Италија, Португалија, Грција

ГРУПА 4: Турција, МАКЕДОНИЈА, Исланд, Азербејџан

 

Најново во Ракомет