СТИГНА НАГРАДАТА

РФМ ја исплати премијата од 40.000 евра за пласманот на СП

По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денеска РФМ ја исплати премијата од 40.000 евра на машката сениорска репрезентација, за успешно минатите бараж средби со селекцијата на Романија, пласманот на Светското Првенство што во 2019 година ќе се игра во Данска и Германија.

објавено: 18 јули 2018 - 11:16

По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денеска РФМ ја исплати премијата од 40.000 евра на машката сениорска репрезентација, за успешно минатите бараж средби со селекцијата на Романија, пласманот на Светското Првенство што во 2019 година ќе се игра во Данска и Германија.

Македонија победи убедливо на првиот натпревар од баражот што се играше во Скопје со 32-24, па и покрај минималниот пораз во реваншот на гостувањето во Клуж со 26-25, нашите репрезентативци заслужено се пласираа на завршницата на Светското Првенство.

Ова ќе биде веќе шесто учество на Светските првенства, по настапите во Египет (1999), Хрватска (2009), Шпанија (2013), Катар (2015) и Франција (2017) и вкупно единаесетто учество на големите натпреварувања заедно со Европските Првенства. Ракометарите е нашата најуспешна репрезентација веќе долго време.

Светското првенство во Данска и Германија ќе се игра во периодот од 10 до 27 јануари 2019 година, а Македонија своите натпревари од групната фаза ќе ги игра во Минхен во Германија, каде за противници ќе ги има селекциите на Шпанија, Хрватска, Исланд, Бахреин и Јапонија.

Најново во Ракомет