Селекторот Гонзалез го објави поширокиот список

Раул ќе почне со 28 ракометари

Селекторот на Македонската сениорска репрезентација, Раул Гонзалез го објави поширокиот список на 28 ракометари за претстојните квалификациски натпревари против репрезентациите на Турција и Грција за пласман на ЕП 2020 година.

објавено: 15 октомври 2018 - 13:35

Селекторот Раул Гонзалез го објави поширокиот список на сениорите за квалификациските натпревари за пласман на ЕП 2020 година. 



Селекторот на македонската сениорска репрезентација Раул Гонзалез го објави поширокиот список на 28 ракометари за претстојните квалификациски натпревари против репрезентациите на Турција и Грција за пласман на ЕП 2020 година.

Првиот квалификациски натпревар сениорите ќе го одиграат на 25.10.2018 (четврток) против репрезентацијата на Турција. Натпреварот ќе се одигра во Битола со салата "Боро Чурлевски" со почеток во 20:15 часот.

Вториот натпревар против селекцијата на Грција ќе се одигра во градот Козани, Грција со почеток во 18:30 часот на ден 28.10.2018 (недела).

Првиот собир нашите ракометари ќе го имаат на 22 овој месец во Битола. 

Најново во Ракомет