ГОЛЕМИОТ БОРЕЦ ЌЕ ГИ ПРЕСКОКНЕ КВАЛИФИКАЦИСКИТЕ ДУЕЛИ

Раул и Миркуловски имаат договор

Во составот на македонската ракометна репрезентација за претстојните квалификациските дуели за пласман на ЕП2020 не се најде големиот борец, Филип Миркуловски. 

објавено: 15 октомври 2018 - 15:36

Поради честите повреди со кои се соочуваше Филип Миркуловски во изминатиот период, со селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез се договорија да ги прескокне квалификациските дуели со Турција и Грција за пласман на Европското првенство 2020 година.

Големиот борец ќе има доволно време да закрепне, а потоа да се приклучи на подготовките за Светското првенство кое ќе се одржи во јануари следната година.

Гонзалез денеска објави поширок список од 28 имиња за средбите со Турција (25 октомври) во Битола и против Грција на гостински терен (28 октомври).

Нашите најдобри ракометари првиот собир ќе го имаат на 22 овој месец во Битола. 

 

 

Најново во Ракомет