ВО СПРОТИВНО ЌЕ СИ ИМАМЕ ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ

ПОРАКА ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Немојте во главата на „лудиот Исланѓанец“! (ВИДЕО)

Постојат играчи кои најдобри партии имаат во репрезентацијата, иако на клупско ниво немаат некој посебен рејтинг.

објавено: 17 јануари 2019 - 12:18

Еден од нив е долгогодишниот стартер на голот на Исланд, Бјоргвин Пал Густавсон. 33-годишниот чувар на мрежата на данскиот Скјерн доби три удари во главата во победата над Бахреин, а подоцна беше и избран за играч на натпреварот.

Денеска од 18:00 часот во Минхен силите ќе ги одмерат селекциите на Македонија и Исланд, ќе биде познато кој ќе оди во главната фаза, а кој во „Президент Купот".

Би било добро за нашите најдобри ракометари да не го разбранат Густавсон...Статистички во досегашните четири меча имаше вкупно 38 одбрани (33%).

Најново во Ракомет