РАКОМЕТАРИТЕ ВО ЧЕТВРТОК ЗАМИНУВААТ ЗА ШПАНИЈА

Парондо ќе ги пречека „медитеранците“ во Тарагона

Македонската ракометна репрезентација ќе биде еден од нашите претставници на 18-то издание на Медитеранските игри кое ќе се одржи во Тарагона. 

објавено: 19 јуни 2018 - 11:30

Македонската ракометна репрезентација ќе биде еден од нашите претставници на 18-то издание на Медитеранските игри кое ќе се одржи во Тарагона. На ова натпреварување „црвено-жолтите“ ќе настапат во поинаков состав, поточно со млади играчи, а на „кормилото“ ќе биде Роберто Гарсија Парондо. 

Шпанскиот стратег поради обврски и кон сениорскиот национален тим доби неколку дена одмор, во четврток ќе ги пречека ракометарите во Тарагона. Последните тренинзи во Скопје, репрезентативците ќе ги работата со Александар Царчев, кој е задолжен за голманите.

Ракометниот турнир на медитеранските игри во Тарагона почнува на 23 јуни, а Македонија се наоѓа во група со Египет, Србија и Турција. Според распоредот на натпревари, првиот меч го играме со Туција на 23 јуни, ден подоцна се среќаваме со Египет, додека групната фаза ќе ја затвараме на 25 јуни. По еден ден одмор, натпреварите за конечен пласман на Игрите продолжуваат од 27 јуни до 1 јули, за кога се закажани финалните средби.

Список на ракометари:

Мартин Томовски, Никола Даниловски, Гоце Ојлески, Бојан Маџовски, Филип Кузмановски, Горан Крстевски, Мартин Манасков, Ласко Андоновски, Филип Чурлевски, Мартин Велковски, Мартин Поповски, Никола Костески, Костадин Петров, Милан Лазаревски, Дарко Димитриевски, Жарко Пешевски.

 

Најново во Ракомет