СТИГНА ПОТВРДАТА ОД ГЛАЗГОВ

ОФИЦИЈАЛНО: Македонија, Словенија и Црна Гора домаќини на ЕП 2022 жени

Федерациите на Македонија, Словенија и Црна Гора ќе ги соберат најдобрите женски репрезентации на Стариот континент на Балканот, во декември 2022 година

објавено: 20 јуни 2018 - 12:24

Националните Федерации на Македонија, Словенија и Црна Гора и официјално се организатори на Европското првенство 2022 во женска сениорска конкуренција.

Трите федерациите ќе ги соберат најдобрите женски репрезентации на Стариот континент на Балканот, во декември 2022 година.

Претседателот на РФМ Живко Мукаетов денеска ја презентираше заедничката кандидатура на Конгресот на ЕХФ во Глазгов, пред таа да добие "зелено светло".

Федерациите на трите земји ги исполнија критериумите и ги задоволија сите барања при инспекциите на ЕХФ во текот на изминатиот период, по што официјализирано е дека градовите Љубљана, Скопје, Целје и Подгорица, со своите арени „Стожице", „Борис Трајковски", „Златорог" и „Морача" ќе организираат по една од четирите групи во првата фаза од Првенството.

Љубљана и Скопје ќе бидат домаќини и на по една од групите во главната фаза, додека завршницата од Првенството ќе се игра во словенечкиот главен град.

Најново во Ракомет