ПО ДВАТА ПОРАЗИ И СЛАБА ИГРА

Критиките на Лазаров вродија плод: Ракометарите конечно со победа во Тарагона

Машката ракометна репрезентација го запиша првиот триумф на Медитеранските игри, ја совлада Србија со 31-29. Ова е последен меч за „црвено-жолтите“ во Тарагона.

објавено: 25 јуни 2018 - 20:03

По двата порази во серија, машката македонска ракометна репрезентација го забележа првиот триумф на Медитеранските игри. Избраниците на Роберто Гарсија Парондо ја совладаа Србија со 31-19, но останаа на последнто место на табелата во групата Д со три бода, недоволно за пласман во осминафиналето.

Се чини денешните критики испратени од страна капитенот Кирил Лазаров кон младите ракометари вродија плод, Македонија заигра подобро, беше подобар противник од Србија во текот на целоот меч.

Мартин Поповски постигна 6 голови, Филип Кузмановски пет, додека Петров, Пешевски и Чурлевски по 4 гола.

 

 

 

Најново во Ракомет