НАЈДОБРИ КОГА Е НАЈПОТРЕБНО, БЕЛОРУСИЈА ЗБРИШАНА БЕЗ МАКА

КАПА ДОЛЕ МОМЦИ: Младинците моќно до Европското првенство (ФОТО)

Нашите се вистински јунаци, и покрај големиот умор, успеаја да се издинат, шансата да се биде во европската елита не дозволија да ја прокоцкаат, ја совладаа Белорусија со 29-23 (15-10).

објавено: 29 јули 2018 - 21:28

Младинската репрезентација се пласираше на Европското првенство. Нашите момци покажаа дека се вистински јунаци, и покрај големиот умор, успеаја да се издинат, шансата да се биде во европската елита не дозволија да ја прокоцкаат, ја совладаа Белорусија без мака со 29-23 (15-10). 

Херој на мечот беше Матеј Петковски беше маестрален на голот со 14 интервенции, причината за која останатите ракометарии го одиграа еден од најдобрите мечеви на ЕХФ Шампионатот. Танкоски со осум гола беше прво име во нашите редови, еден гол помалку имаше Јагуриновски. 

Нашите надежи отворија со серија од 3-1, благодарение на двете одбрани во низа на Матеј Петковски. Во 12. минута при 4-2, не ја искористија новата интервенција на Петковски и напад за највисоки со три гола разлика до овој дел од мечот. Три минути подоцна, избраниците на Данило Брестовац поведоа со 7-3, благодарение на добрата одбрана. Не застанаа тука, слабостите на противникот ги казнуваа, па на осум минути до крајот на првото полувреме имаа предност од 10-5, па 11-6.

Белорусија успеа да влезе во серија од два гола, го искористи исклучувањето на Арсеновски и намали на 11-8. Брестовац повика тајм-аут, Шилегов го прекина налетот, од седум метри на двапати беше прецизен, а со голот на Јагуриноски беа вратени највисоките пус пет, 14-9. Со истата позитива заминаа на одморот (15-10).

Петковски одново влезе во серија, имаше три маестрални одбрани, штета нашите момци не ги искористија, водеа со 16-10, а можеа за кратко време да дојдат до уште покомотна позитива.

Во 35. минута Македонија се искачи на 17-10, најавувајќи го своето место во европската елита. Еуфоријата која можеше да се почуствува се одрази позитивно, во 40. минута влеговме со 21-13. Белорусија осум минути подоцна намали на 24-18, по тајм-аут на Брестовац, Петковски спречи нов гол, а Македонија потврди дека ќе игра на Европското првенство.

Најново во Ракомет