МАКЕДОНСКИОТ СЕЛЕКТОР ЗАДОВОЛЕН НА КРАЈОТ

ГОНЗАЛЕЗ: Сè беше според планот

„Натпреварот беше тежок, имавме притисок, направивме грешки и глупости во играта ама играчите дадоа се од себе се однесуваа супер и ќе играме на СП затоа што ние бевме подобри во овој двомеч“, заклучува селекторот на Македонија.

објавено: 13 јуни 2018 - 19:19

Од Клуж, Марија Ковачева

Селекторот Раул Гонзалез задоволен излезе од теренот во „Хореа Демјан“ и покрај тоа што Македонија загуби со 26:25 од Романија. Крајната цел, пласманот на СП е остварена.

„Делуваше лесно, но цел натпревар имавме контрола, дури и во ситуациите кога имавме и негатива. Имавме шанса и за победа на крај. Натпреварот беше тежок, имавме притисок, направивме грешки и глупости во играта ама играчите дадоа се од себе се однесуваа супер и ќе играме на СП затоа што ние бевме подобри во овој двомеч.
Пасквал се обиде да ризикува и играше 'седум на шест', но ние игравме добро во одбраната, Борко беше добар исто така и се беше според план. Знаевме дека најверојатно ќе играат така затоа што така го отворија и натпреварот. Најважно е дека ние ја исполнивме целта", заклучи Раул Гонзалез.

 

 

Најново во Ракомет