СЕЛЕКТОРОТ ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ

Два теста со Италија во ЕХФ-неделата

Селекторот на женската сениорска репрезентација, Симе Симовски го објави списокот за ЕХФ неделата што ќе се одржи во период од 24 до 30 септември..

објавено: 18 септември 2018 - 14:00

Првиот собир ќе се одржи на 24 септември со почеток во 10 часот во спортската сала „Мајка Тереза" при ЈУ „Детски Дом 11-октомври“ во Скопје. Во рамките на ЕХФ неделата, акедонската сениорската репрезентација, покрај тренинзите, ќе одигра и два пријателски натпревари против репрезентацијата на Италија.

По двата дуели со Италијанките, следниот ден „црвено-жолтите“ одиграат уште еден натпревар против младинската репрезентација на Македонија. 

Список на ракометарки за ЕХФ неделата:
Матеја Серафимова, Драгана Петковска, Јована Саздовска, Марија Тасевска, Сара Ристовска, Марија Гајиќ, Марија Штериова, Теодора Керамичева, Марија Николиќ, Душица Ѓоргиевска, Леонида Гичевска, Елена Ѓорѓиевска, Дајана Јовановска, Ивана Гакидова, Моника Јаневска, Александра Боризовска, Елена Ливриниќ

Термини на одигрување на натпреварите:
27.09 (16 часот) во сала Автокоманда 
28.09 (16 часот( во сала Автокоманда 

 

Најново во Ракомет