СТАРТ НА ЧЕТВРТИОТ РАКОМЕТЕН КАМП „КИРИЛ ЛАЗАРОВ 7“

Лазаров ја пречека „иднината“ во Охрид (ФОТО)

Капитенот на националниот тим ги пречека првите кампери на четвртиот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“, кој од 20 јуни до 2 јули ќе се одржува во комплексот „Аквалина" во Охрид.

објавено: 20 јуни 2018 - 16:30

Капитенот на националниот тим и најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров и ги пречека првите кампери на четвртиот ракометен камп „Кирил Лазаров 7", кој од 20 јуни до 2 јули ќе се одржува во комплексот „Аквалина" во Охрид.

Идејата на Лазаров, која стартуваше во 2015 година премина во традиција и прерасна во еден од престижните светски кампови, како од организаторски така и од содржински аспект.

Седум дена, учесниците ќе имаат можност да тренираат и да учат од еден од најдобрите десни бекови во светот, кој со своето ракометно и животно искуство има што да им покаже на нашите идни ракометни ѕвезди.

Покрај Лазаров тренинзите ќе ги водат и најдобрите македонски тренери и ракометари - Данило Брестовац, Ице Соколески, Борче Марковски, Бранче Ангеловски..., а најавени се и гости, познати имиња од светот на ракометот.

Најново во Ракомет