НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ 46. РАКОМЕТЕН СТРУШКИ ТУРНИР

Голгетерско-шоу на Прибак и Кузманоски во триумфот на Бешикташ!

Откако вчера новиот тренер на битолскиот клуб, Србинот Ѓорѓе Чирковиќ имаше неуспешно деби против Целје (22:23), денеска нов пораз за неговата екипа на меѓународниот традиционален турнир „Струга 2018".

објавено: 16 август 2018 - 19:23

Во вториот натпревар од групата 1, македонскиот ракометен клуб загуби овојпат од екипата на Бешикташ со резултат 29:31.

Во редовите на турскиот клуб доминираше нашиот репрентативец Прибак, плејмејкерот девет пати се запиша во листата на стрелците, Ласица и Томиќ имаа по три голови.

На спротивната страна исто така расположен за погодоци беше уште еден организатор на игра, Кузманоски со 11, Ѓукиќ забележа пет.

Прва добра предност стекна тимот на Чирковиќ кон средината на првото полувреме, со головите на Ѓукиќ и Маркоски, на семафарот во тој момент стоеше 7:5 во корист на нашиот прволигаш.

Одговори Бешикташ, учесникот во ЛШ со два погодоци по ред преку Прибак и Нуиќ, па брзо беше воспоставен резултатски егал. На одмор се замина со нерешени 15:15.

Минимална предност на стартот од вториот дел имаа Турците, додека екипата од Битола во резултатски приклучок ја држеше Кузманоски, за кого ривалите немаа решение.

Повторно дојде Еурофарм на плус два, но тогаш на сцена стапи Прибак. Со седум врзани голови во серија, бекот целосно направи пресврт за плус три на својот тим. Пред последните 10. минути стоеше 29:26 за Бешикташ кој до крајот рутински ја одржуваше својата предност, новиот бран на голови од страна на Кузманоски не беше доволен да се спречи новиот пораз на овој турнир.

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК: Ивановиќ 2, Ојлески 3, Маркоски 4, Пецаковски, Талевски, Чурлевски 4, Ивановски, Трајковски, Мемиќ, Чаневски, Куковски, Мандиќ, Дрогришки, Граџанин, Ѓукиќ 5, Кузманоски 11, Петровски, Блажевски

Според програмата Еурофарм Работник својот трет меч ќе го има в сабота од 17:30 часот против францускиот тим на Тулуз.

„СТРУГА 2018"

ПРВ ДЕН

Група 1

Целје Пивоварна Лашко-Еурофарм Работник 23:22

Група 2

Железничар-Струга 25:20
Алингсас-Констанца 21:21

ВТОР ДЕН

Група 1

Бешикташ-Еурофарм Работник 31:29
Целје-Тулуз 31:29

Група 2

Железничар-Алингсас 23:20

Најново во Ракомет