ЗАВРШИ ЕДНА „ЗЛАТНА“ ПРИКАЗНА

ОВОЈ ВАРДАР ЗАМИНА ВО ИСТОРИЈАТА: Збогум Раул, Штербик, Циндриќ...

Тажно е...Се навикнавме на овие момци, секој од нив со златни букви се запиша во вардаровата и во македонската машка ракометна клупска историја...

објавено: 27 мај 2018 - 17:02

Од Келн,

Марија Ковачева и Весна Николовска

Крај како што никој не посакуваше....Овој Вардар замина во историјата, Арпад Штербик, Лука Циндриќ, Жоан Кањелас, Хорхе Македа, Илија Абутовиќ и Мијајло Марсениќ ги одиграа последните 60. минути во „црвено-црниот" дрес...А Вардар ги доби последните команди од Раул Гонзалез, како и неговиот помошник Давид Дејвис.

Тажно е...Се навикнавме на овие момци, секој од нив со златни букви се запиша во вардаровата и во македонската машка ракометна клупска историја...

За нас тие се бесмртни и никогаш нема да бидат заборавени затоа што ни ја приредија најголемата спортска радост, направија еден македонски тим да биде главен во Европа и светот и 365 дена да ја живееме бајката на европски првак.

За сите моменти на гордост, радост, солзи, неизмерна среќа, тага, лутина, задоволство и љубов, ви благодариме!

Се гледаме следната сезона, на спротивната страна на теренот!

Најново во Ракомет