ПРВ ДЕН ОД МЕЃУНАРОДНИОТ ТРАДИЦИОНАЛЕН РАКОМЕТЕН ТУРНИР

Одлична атмосфера на навивачите на Струга: „Фала ти, Мојсо“...! (ФОТО)

На стартот од меѓународниот традиционален ракометен турнир „Струга 2018" на теренот „Женска Плажа", загуби составот на РК Струга од Железничар Ниш со 25:20.

објавено: 15 август 2018 - 21:08

Во текот на овој меч одлична атмосфера на трибините направи навивачката група „Паткари" кои му се заблагодарија на претседателот на стружани, Наумче Мојсовски.

Во нивниот транспарент испраќаат благодарност до еден од најдобрите македонски ракометари, што нивниот клуб е дел од елитата.

Со години во Втора лига". Фали ти Мојсо што сме дел од Суперлига". Еве како тоа изгледаше:

После првиот меч беше најавено официјалното отворање на турнирот, како и претставување на сите учесници на кои им се обрати претседателот на РК Струга, прославениот македонски ракометар кој и официјално го отвори 46. издание на турнирот. Тука до него беше секако и Васко Илијевски, маркетинг менаџер на Спортските обложувалници „Моцарт" .

Најново во Ракомет