Тренерот на Металург бара иновација

Лино Червар: Нападот во ракометот треба да се ограничи со време

Хрватскиот стратег предлага да се постави временска рамка за еден напад, слично како во кошарката, со цел да се крене динамичноста и креативноста во ракометот

објавено: 6 март 2014 - 17:32

Иако важи за стратег кој негува бавен и трпелив ракомет, во интервју за пораталот Балканхендбол, Лино Червар изјави дека на ракометот му е потребна иновација. Конкретно предложи да постои временско ограничување на нападот.

„Јас во потполност сум за такво нето, тоа би придонело за динамичност на играта. Тоа би бил предизвик и за играчите и за тренерите, без разлика колку би траел нападот, 20, 25 или 30 секунди. Тогаш ќе мора да покажеме што знаеме во одреден временски период, а не ‘бесконечно’ да кружиме околу одбраната. Со самото тоа би се зголемила креативноста, а со неа би следеле и иновации без кои нема напредок во ниту една сфера од животот“, изјави Червар.

Човекот е светски и олимписки првак со репрезентацијата на Хрватска, а од Металург направи вистински бренд на балканските простори и затоа не е лошо да се земе предвид секоја негова сугестија поврзана со спортов.

Најново во Ракомет