ВО СТИЛОТ НА ГОЛЕМИТЕ КЛУБОВИ

Вардар ќе ги испочитува „златните“ момци - Циндриќ и Душебаев

Ниту од таборот на македонскиот првак, а се чини ниту оние момци од „златната“ генерација на Вардар не можат да ја заборават 2017 година. 

објавено: 1 декември 2018 - 10:00

„Златната“ генерација на Вардар ќе остане длабоко врежана во срцата на сите љубители на ракометот.  Ниту од таборот на македонскиот првак, ниту пак оние играчи кои беа на Ф4 во Келн нема да ја заборават 2017, година во која Вардар се искачи на тронот на Европа.

По разделбата со поголем дел од ракометарите од „златната“ генерација, челниците на клубот одлучија да им се заблагодарат. Пред дуелот со Келце, Вардар ќе ги испочитува Лука Циндриќ и Алекс Душебаев, двајцата играчи ќе добијат врамен дрес. За постетување во полуфиналето против Барса постигнаа по седум гола, а благодарение на хрватскиот репрезентативец Вардар се пласираше во финалето и потоа ја освои титулата во ЛШ. 

Илија Абтуовиќ е првиот играч кој доби ваков дрес, дефанзивецот со овации беше поздравен од публиката.

  

Најново во Ракомет