ПРВАКОТ ГО ЧЕКА ВИСТИНСКИ ПЕКОЛ

ТАКА СЕ САКА ТИМОТ: Веспрем Арената е распродадена за Вардар

Веспрем е следниот противник на македонскиот шампион во Лигата на шампионите. На три дена пред овој дуел билетите се распродадени. 

објавено: 26 септември 2018 - 15:15

Вардар со две победи, над бранителот на титулата, Монпелје и Кристијанштад ја отвори новата сезона во Лигата на шампионите. Следен противник на Роберто Гарсија Парондо и неговите избраници е Веспрем, тимот за кого настапува екс-вардарецот Арпад Штербик и македонскиот репрезентативец Дејан Манасков.

По минатогодишната елиминација од фајнл-форот, Веспрем ќе направи сè за да се врати во Келн. Гостувањето на Вардар, но и исполнувањето на оваа цел е причината поради која за дуелот закажан во сабота нема билети во продажба.

Овој град буквално живее за ракометот, а за тоа говори податокот дека до крајот на групната фаза нема билети во слободна продажба. Арената (има капацитет од 5.096 места) на унгарскиот тим беше одбрана за најдобра, пред СЦ „Јане Сандански“, кој за жал на премиерата беше празен, само 2.000 гледачи на трибините. 

 

Најново во Ракомет