КАПИТЕНОТ НАЈАВУВА МАКСИМАЛНА БОРБА

Столе: Кога играме “игрици“ меѓусебе се тепаме, a за Барса не треба да зборувам

Барселона е новиот противник на Вардар во Лигата на шампионите, меч кој ја дигна цела Македонија на нозе...

објавено: 9 ноември 2018 - 12:16

Барселона е новиот противник на Вардар во Лигата на шампионите, меч кој ја дигна цела Македонија на нозе...Капитенот на македонскиот шампион, Стојанче Стоилов има одиграно голем број на натпревари против каталонскиот гигант, како што вели самиот тактиката нема да биде одлучувачка, туку борбеноста. 

„Натпревар за прво место во групата. Кога ги извлекоа групите сите ги мислеа дека тие се фаворити и така остана, ако мене не прашува некој Барселона е главен кандидат за освојување на шампионската титула. Но, можеме против нив, знаат дека ги очекува пекол, не им е сеедно. Двете екипи добро се познаваат, борбеноста ќе го одлучи победникот“, рече Столе.

Кога станува збор за мотивите, тука нема дискусија.

Кога играме игрици се трудиме да победиме, а за Барселона нема потреба да збориме за мотивите“, додаде капитенот.  

 

Најново во Ракомет