КАКО ЈА ВИДОА ВО ВАРДАР ЖДРЕПКАТА ЗА ГРУПНАТА ФАЗА НА ЛШ

СТОЈАНОВСКИ: Не се откажуваме од пат во Келн!

Имаме силна група во која сите противници се еднакво опасни и се пречка за првото место кое води директно во четвртфиналето. Но, ќе дадеме најдобро од себе и ќе се обидеме одново да стигнеме до Келн" – коментираше по ждрепката извршниот директор на Вардар

објавено: 29 јуни 2018 - 14:30

Силни противници, еднакво опасни, доби Вардар на ждрепката за групната фаза од следното издание на ракоментата  Лига на Шампионите. 

Барем така смета извршниот директор на „црвено-црните“, Давор Стојановски.

„Како и секоја година така и оваа Вардар ќе атакува на пласман во Келн. До средината на јули новиот тим ќе биде комплетеран и ќе се подготвуваме за новата сезона. Не чека, тешка, долга сезона... Имаме силна група во која сите противници се еднакво опасни и се пречка за првото место кое води директно во четвртфиналето. Но, ќе дадеме најдобро од себе и ќе се обидеме одново да стигнеме до Келн" – коментираше по ждрепката Стојановски.

Најново во Ракомет