ЕХФ ЈА ОБЈАВИ ТОП 10 ЛИСТАТА НА НАЈДОБРИ ТРАНСФЕРИ

Штом е од Вардар, мора да е најдобро: Штербик и Циндриќ на врвот

Како загревање за новата сезона, ЕХФ овој пат ја објави листата на најдобрите десет трансфери. 

објавено: 4 август 2018 - 12:00

Не е изненадување што првите две места на листата на најдобрите десет трансфери според ЕХФ им припаѓаат на двајца поранешни ракометари на Вардар. На врвот е незаменливиот и единствен, Арпад Штербик, кој одлучи да ја промени средината и да потпише за Веспрем, каде настапува македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков.

Веднаш зад „Арпад Велики“ се најде Лука Циндриќ. Хрватскиот репрезентативец во годината во која Вардар стана европски првак се договори со Киелце, а трансферот се реализираше ова лето. 

Во Топ 10 трансфери се најдоа уште: Лудовик Фабрегас од Монпелје замина во Барселона, Ким Егдал Ду Риц од РНЛ во ПСЖ, Кентин Мае од Флензбург во Веспрем, Дејан Бомбач од Келце во Пик Сегед, Виран Морос од Барселона во ПСЖ, Штефан Фат од Берлин во РНЛ, Торборн Баргеруд од Холстебро во Флензбург, Томас Могесен од Флензбург во Скјерн.

 

Најново во Ракомет