ПОЗНАТ РАСПОРЕДОТ НА „ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

САБОТА Е ДЕН ЗА ВАРДАР: Елитните битки ќе се водат од 17:30 часот

Резервиран термин за вардарци во групната фаза од Лигата на шампионите кога играат во СЦ „Јане Сандански" е сабота, 17:30 часот.

објавено: 2 август 2018 - 09:00

Македонскиот првак Вардар сите елитни битки во групната фаза во Лигата на шампионите на домашен терен, СЦ „Јане Сандански" ќе ги води во ист термин – сабота, 17:30 часот.

Ова е јасно откако Европската ракометна федерација (ЕХФ) во соработка со клубовите и ТВ куќите што ги имаат правата за пренесување на натпреварите од Лигата на шампионите во сезоната 2018/2019 година ги одредија термините за дуелите во првите десет кола од групната фаза (поточно оние што се играат до крајот на 2018).

Вардар почнува на гостински терен кај актуелниот европски првак Монпеље на 15 септември, додека првиот дел го завршува на 1 декември во Скопје кога се среќава со Келце.

Единствен натпревар за кој се уште не се познати деталите е гостувањето во „Блауграна" кај Барселона, во рамките од осмото коло од групата А.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ГРУПНА ФАЗА
ГРУПА А, РАСПОРЕД
1. КОЛО (15.09.2018)
Монпеље – Вардар 17:30ч.
2. КОЛО (22.09.2018)
Вардар – Кристијанштад 17:30ч.
3. КОЛО (29.09.2018)
Веспрем – Вардар 17:30ч.
4. КОЛО (06.10.2018)
Вардар – РНЛ 17:30ч.
5. КОЛО (14.10.2018)
Келце – Вардар 17:00ч.
6. КОЛО (03.11.2018)
Вардар – Мешков Брест 17:30ч.
7. КОЛО (10.11.2018)
Вардар – Барселона 17:30ч.
8. КОЛО (14/18.11.2018)
Барселона – Вардар
9. КОЛО (24.11.2018)
Мешков Брест – Вардар 19:00ч.
10. КОЛО (01.12.2018)
Вардар – Келце 17:30ч.

Најново во Ракомет