ФРАНЦУСКИОТ ТИМ ОСТАНА ПЕРФЕКТЕН

Раул и ПСЖ газат, Червар за прва радост на Пешевски

ПСЖ И Пик Сегед се единствените непоразени екипи по петото коло. Жарко Пешевски и Мотор Запорожје ја запишаа првата поебда во Лигата на шампионите, на домашен терен го совладаа ППД Загреб со 35-27.

објавено: 14 октомври 2018 - 19:01

Друштвото на непоразени екипи по петото коло во Лигата на шампионите. Откако Вардар загуби на гостувањето кај Келце со 31-27, во главните групи А и Б, само ПСЖ на Раул Гонзалез и Пик Сегед имаат перфектен скор.

Францускиот тим на гостувањето кај Скјерн славеше со 26-24, додека пак Пик Сегед на домашен терен го совлада Фленсбург со 30-28. 

На прва победа во елитното натпреварување се радуваше Жарко Пешевски. Макеоднскиот репрезентативец и Мотор Запорожје го совладаа ППД Загреб на Лино Червар со 35-27. Пешевски беше стрелец на три гола од пет обиди.

 

Најново во Ракомет