„ЛАВОВИТЕ“ ГО ОДБРАА ПОТЕШКИОТ ПАТ

Рајн Некар можеше да ја уништи Барселона, но...

Македонскиот репрезентативец, Филип Талески и Рајн Некар со победа тргнаа во новата сезона, ја совладаа Барселона со 35-34 во дербито. 

објавено: 12 септември 2018 - 20:36

По одличните игри во Бундес-лигата, Рајн Некар во исти ритам ја отвори и новата сезона во Лигата на шампионите. Тимот на македонскиот репрезентативец, Филип Талески славеше на дуелот со 35-34 (16-13) Барселона во дербито во групата А.

„Лавовите“ можеа поубедливо да слават на оваа средба, во 50. минута имаа позитива од седум гола 31-24, по што следеше серија на Барселона од 7-2 за 33-31 на четири минути до крајот. Германскиот тим не дозволи изненадување, на крајот заслужено славеше. 

Воведот на натпреварот во Манхајм најавуваше интересна пресметка. До 19. минута беше незвесно (8-7), но потоа следеше доминација на германскиот тим за кратко време се искачи на 13-7, на полувремето беше 16-13. По одморот „лавовите“ продолжија во ист ритам, но се до таа 50. минута, по која следеше вистинска битка на теренот.

Талески не доби шанса. Сигурдсон со шест погодоци од исто толку обиди го предводеше Рајн Некар, на другата страна  Алеикс Гомез имаше 11 погодоци.

РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО
ГРУПА А
РАЈН НЕКАР - БАРСЕЛОНА 35-34
ГРУПА Б
МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ - ПСЖ 29-35
ГРУПА Д
КОКС - ЛЕОН 19-19
ДИНАМО Б. - ЕЛВЕРУМ 26-24

Најново во Ракомет