НЕМА МЕДАЛ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОН

ПСЖ му врати мило за драго на Вардар

Вардар не успеа да го совлада ПСЖ во борбата за третото место на Ф4, беше совладан со29-28.

објавено: 27 мај 2018 - 16:58

Од Келн,

Марија Ковачева и Весна Николовска

ФОТО: Петр Стојановски

Вардар не успеа да го совлада ПСЖ во борбата за третото место на Ф4. Овој состав на македонскиот шампион, кој ни донесе среќни и убави денови заврши на четвртото место во Европа. Францускиот тим во последните 15. минути ја обезбеди победата (29-28) со која воедно им се одмазди на нашите момци за поразот во минатогодишното финале. 

Овој дуел Вардар го одигра без Арпад Штербик, Илија Абтутовиќ, кои се повредени, а мечот поразно заврши и за Македа. 

Лука Циндриќ со седум гола од 10 обиди беше прв стрелец, еден гол мапомалку имаше Македа. 

„Црвено-црните“ доминираа во првото полувреме, отворија со серија од 7-3, со головите на Македа, Циндиќ и Борозан. Избраниците на Раул Гонзалез ја одржуваа предноста од два гола, се до 17. минута кога ПСЖ со серија од 3-0 се доближи на 7-6, а потоа по новото водство на Вардар од два гола (8-10), изедначи на 10-10. Сепак Вардар на полувремето успеа да замине со минимална позитива од 14-15.

Добро го отворивме второто полувреме, Македа и Марсениќ, и една одбрана на Милиќ, македонскиот шампион го искачија на нови плус три 14-17. Двете исклучувања (Македа и Мораес) и тоа како беа добредојдени за ПСЖ, веднаш ја искористи шансата и израмни на 20-20 во 39. минута. Од овој момент беше игра на нерви, гол за гол...Во 43. минута при 22-21 за Вардар, Македа доби црвен картон.

Судиите беа делумно одговорни за драмата која се случуваше во „Ланксес Арена“, нивните одлуки беа чудни, како првпат да делат правда на едно големо натпреварување. Токму тоа беше причината поради која тешко паѓаат головите.

Во 54. минута се случи она од што најмногу стравувавме. Промашен седмерец на Чупиќ, по голот на Нарцис, а потоа нов гол на Ремини за водство водството на ПСЖ по подолго време 23-24. Циндриќ веднаш израмни во следниот напад (24-24), но се сврте мечот. Французите диктираа...

Се бореа Циндриќ и Кристопанс, но ништо ПСЖ фати ритам, на три минути со голот на Гесхајмер осигура нависоки 26-28. Летонецот намали на 27-28, но само толку...На крајот ПСЖ славеше си 28-29.

Најново во Ракомет