ЕКС-ВАРДАРЕЦОТ Е НА ЛИСТАТА НА ПОВРЕДЕНИ

ПРЕМИЕРАТА ЌЕ ПОЧЕКА: Келце на стартот без Лука Циндриќ

Лука Циндриќ, најголемото засилување во редовите на полскиот тим, Келце ќе го пропушти стартот на сезоната. 

објавено: 31 август 2018 - 15:47

Лука Циндриќ, најголемото засилување во редовите на полскиот тим, Келце ќе го пропушти стартот на сезоната. Хрватскиот репрезентативец се рехабилитира од повреда на мускулот, па како што пишуваат тамошните медиуми со сигурност ќе го пропушти стартот на сезона во полскиот шампионат против Гвардиа Ополе.

Ова не е единствената лоша вест за стратегот, Талант Душебаев, Циндиќ е под голем знак прашалник за мечот против Веспрем во рамките на првото коло од Лигата на шампионите, закажан за 15. септември. Келце е еден од противниците на Вардар во групната фаза во Лигата на шампиони.  

Најново во Ракомет