МОТИВОТ ЌЕ БИДЕ И ТОА КАКО КЛУЧЕН, ЗАЕДНО СО...

Парондо: За Барселона потребни се емоции, не само тактика

За стратегот на македонскиот стратег, Роберто Гарсија Парондо најважно е момците да бидат мотивирани, да играат со емоции, единствениот пат до двата бода.

објавено: 9 ноември 2018 - 12:28

Името Барселона само по себе носи тежина, а кога ќе се додат сите имиња во таборот во каталонскиот гигнат во тој случај јасно е каков меч го чека Вардар во недела. За стратегот на македонскиот стратег, Роберто Гарсија Парондо најважно е момците да бидат мотивирани, да играат со емоции, единствениот пат до двата бода.

„Барселона е одличен тим, сите го очекуваат овој натпревар, знаеме дека салата ќе биде полна, не чека одлична атмосфера. Ова ќе биде многу тежок натпревар за нас. Барселона има еден од најдобриот тимови во Европа, во последните години играа добро, се обидуваа да стигнат до Ф4, а оваа година мислам дека играат подобро од претходните две сезони. Ќе мора да одиграме добар натпревар од почетокот до крајот, ако сакаме да имаме опција да освоиме два бода. Тренираме добро, играчите си ги завршуваат задачите, се обидуваме да бидеме најдобри што можеме за недела и да се обидеме да победиме. Мора да бидеме мотивирани, не треба да победиме само со тактиката, туку и со емоциите“, рече Парондо.

Мечот е закажан со почеток во 17 часот, од таборот на Вардар апелираат фановите да дојдат порано и навреме да влезат во сала. 

Најново во Ракомет