ВО ИНТЕРВЈУТО ЗА ШПАНСКИОТ „СПОРТ“

Парондо: Раул не знаеше ништо, веднаш прифатив да бидам тренер на Вардар!

Македонскиот шампион се подготвува за возвратниот натпревар против Барселона во рамките од осмото коло во ЛШ. Вардар својот следен меч во Лигата на шампионите против каталонскиот состав ќе го игра в сабота од 19:00 часот. Судии ќе бидат Зигмарс Сондорс и Ренарс Лицис од Летонија во Палау Блауграна, а ЕХФ делегат е Свејн Олав Оје (Норвешка).

објавено: 16 ноември 2018 - 13:20

Тренерот на „црвено-црните", Роберто Гарсија Парондо, како што и претходно објавивме направи една измена во составот. Повеќе за тоа можете да прочитате ТУКА

Во интервјуто за шпанскиот „Спорт", говори за квалитетот на групата во која се наоѓа неговиот тим и како се случило да го превземе поранешниот европски шампион.

„Играме во најтешката група во историјата на Лигата на шампионите и секој викенд моите играчи имаат нова мала „војна". Има шест или седум тима на многу високо ниво, кои се кандидати за пласман на Ф4-турнирот. Тоа мотивира, околу тоа повеќе сме концентрирани и за кое работиме уште од првиот ден".

Парондо објаснува како успеа да дојде до улогата тренер на Вардар, откако сите беа информирани дека Раул Гонзалес после пет сезони ќе се раздели со клубот.

„Раул не знаеше ништо. Ги изненадив сите. Тој најави дека ќе оди во ПСЖ уште во ноември, па клубот почна да размислува за опциите. Јас бев во женската екипа на Вардар и уште пред Божиќ ме прашаа дали би сакал да ја водам машката. Јас реков да, немав проблеми да работам со девојки, со момци, можев се што ќе затреба, меѓутоа тогаш тоа го сфатив како на шега. Но, стана сериозно. По Европското првенство (во Хрватска), ме повика сопственикот и ме праша дали сакам да бидам тренер. Сакаше да го продолжи она што го почна Раул и затоа ми понуди мене. Беше лесна одлука, му реков прифаќам без проблем".

Дел од играчите знаеме дека по истекот на минатата сезона го напуштија Вардар (Циндриќ, Милиќ, Кањелас, Македа..), а Парондо призна дека Вардарци „загубиле" со нивното заминување, но дека секој од моменталните играчи гинат за клубот.

„Да, нашиот тим малку загуби. Имаме добри играчи, но немаме широк ростер како што имавме лани, а истовремено имаме и многу проблеми со повреди. Горбок ќе паузира шест месеци, Мораеш замина на операција, Борозан игра речиси без тренинг. Но, без разлика на се, играчите „гинат" за овој клуб". истакна Парондо.

Добро се адаптирал на животот во Македонија, како што и веќе знае од соработката со Раул, го говори македонскиот јазик. Тој дојде без претходно големо искуство, во врвни екипи, каква смелост пренесува изворот.

„Вистина. Тоа е неверојатна опција,  многу сум среќен, сега морам да работам максимално и да дадам сè од себе. Вардар е „голем", функционираше многу добро во последниве години и се надеваме дека ќе продолжиме на тоа ниво".

Најново во Ракомет