ВАРДАРОВИОТ СТРАТЕГ ПРЕЗАДОВОЛЕН

ПАРОНДО: По одличниот старт, сè беше рутина

„Најважните беа првите десет минути, тоа беше клучот за победата“, потенцира Шпанецот.

објавено: 22 септември 2018 - 19:33

„Два од два“ има Роберто Парондо во Лигата на шампионите како тренер на Вардар, а и премиерата во „Јане Сандански“ му беше победничка, со убедлива доминација на неговите ракометари.

„Задоволен сум од моите играчи, одиграа одличен меч. Најважните беа првите десет минути, тоа беше клучот за победата. Влеговме силно, знаевме дека нема да биде лесно, но со оглед на одличниот старт се понатаму беше рутина. Благодарен сум поради тоа", изјави стратегот на „црвено-црните", Роберто Парондо.

 

Најново во Ракомет