Тренерот на Вардар убеден дека денеска можеше и подобро

Парондо: Не бевме концентрирани, а не пресече и исклучувањето на Борозан

Крилото на Вардар ја пофали атмосферата во Келце, но истакна дека отсуствата на Мораес и Борозан сериозно ја растурија концепцијата на тимот.

објавено: 14 октомври 2018 - 20:33

По поразот на гостувањето во Полска, тренерот на Вардар Роберто Гарсија Парондо, спортски им честиташе за победата на домашните, но истакна дека исклучувањето на Борозан сериозно се почувствува во играта на „црвено-црните“ во продолжението на средбата.

„Им честитам на ракометарите на Келце за нивната победа, тие играа подобро од нас. Не можеме да бидеме среќни со резултатот од овој натпревар. На почетокот загубивме еден играч поради црвен картон и потоа беше тешко зда играме 60 минути без него, затоа што немавме широк избор во ротацијата. Не можевме да ја задржиме концентрацијата и оттука овој неуспех. Денеска можевме да играме подобро“, истакна Парондо.

Крилото на Вардар, Иван Чупиќ, кој со Киелце ја освои европската титула во сезоната 2015/16, по мечот истакна дека атмосферата во салата му е добро позната и вечерва домашните имаа голема предност од трибините.

“Во Келце, секогаш е многу тешко да се игра. Салата беше исполнета како и обично. а тоа е одлично чувство. Беше многу тешко да се игра во ист ритам шеесет минути. Еден од нашите играчи не можеше да дојде, бидејќи е повреден, а друг доби црвен картон. Се боревме цел натпревар, се обидовме да ја смениме одбраната во 5-1. Честитки за противникот, за нив ова се два многу важни бодови. Ние ќе играме подобро следниот меч“.

Најново во Ракомет