Вардар беше подобар противник од ПСЖ во Стразбур, но во самиот финиш не успеа да забележи триумф и покрај тоа што имаше водство од седум голови во првото полувреме. Дуелот заврши победник 33-33 (20-16).
Искусниот голман на францускиот тим, Тиери Омејер по мечот делеш комплименти за Вардар, потенцирајќи дека контролите со нив секогаш се добредојдени.
„Поголем дел од мечот бевме принудени да го бркаме резултатот, но на крајот успеавме да ги дадеме нашите седум гола и да изедначиме. Треба уште да работиме, што пак е нормално бидејќи ова се подготовки. Вардар е голем тим, убаво е да се одмерат силите со нив“, изјави Тиери Омејер.
Вардар денеска (18:15 часот) го игра вториот меч на турнирот во Стразбург, Роберто Гарсија Парондо и неговите избраници за противник го имаат тимот на Мешков Брест.