СЛОВЕНЕЦОТ ЌЕ ЧЕКА НОВА ШАНСА

Оцвирк се врати во Скопје, но не и во списокот на Парондо

Грегор Оцвирк не се најде во списокот на патници за Барселона. 

објавено: 16 ноември 2018 - 20:20

Грегор Оцвирк не отпатува со Вардар во Барселона. Иако Словенецот пред неколку дена се чекираше во Скопје, сепак шпанскиот стратег на „кормилото“ на македонскиот првак, Роберто Гарсија Парондо одлучи да го прескокне и за овој натпревар. 

Околу Оцвирк се „дигна“ голема прашина по завршување на ЕХФ-неделата, словенечките медиуми веќе го спакуваа, но од страна на челниците на Вардар демантираа потенцирајќи дека станува збор вироза, затоа останал дома, а дека ќе се врати во главниот град потврди и самиот ракометар.

Сепак долгата пауза, односно отсуството од тренинзите беше повеќе од доволна причина за да Парондо го прескокне за утрешната пресметка со каталонскиот гигант во рамките на осмото коло во Лигата на шампионите. Ова ќе биде петти меч во кој Оцвирк нема да биде во составот на македонскиот шампион. 

Во експедицијата за Барселона се наоѓаат: Дибиров, Војводиќ, Борозан, Дисингер, Скубе, Карачиќ, Криштопанс, Кисељев, Чупиќ, Шишкарев, Поповски, Стоилов, Калараш, Мишевски, Милосављев и Гедбан.

 

 

Најново во Ракомет