НОРВЕЖАНКАТА БАРА НОВА СРЕДИНА

Нора Морк го напушта Ѓер

Романскиот првак ЧСМ Букурешт или руски Ростов Дон се следните можни дестинации.

објавено: 9 февруари 2019 - 21:37

Норвешката репрезентативка Нора Морк по три години минати во редовите на унгарскиот првак Ѓер си заминува на крајот на сезоната.

Десниот бек, која во моментов е надвор од теренот, откако во октомври лани направи втора операција на лигаментите на коленото, одлучи да не го продолжува договорот со Ѓер, кој завршува во јуни.

Наместо тоа, 27-годишната ракометарка бара нова средина, а како потенцијални опции за продолжување на кариерата се романскиот првак ЧСМ Букурешт или, пак, руски Ростов Дон.

Најново во Ракомет